Пиа Милер, поранешна актерка и модел, денес е сопруга на холивудскиот агент Патрик Вајтсел. Нивната љубовна приказна започнала во 2019 година, по разводот од Лорен Санчез, а крунисувањето на љубовта се случило во 2021 година.
Додека светот ја очекува гламурозната венчавка на Лорен Санчез и милијардерот Џеф Безос на неговата суперјахта во Венеција, вниманието се насочува и кон поранешниот сопруг на телевизиската ѕвезда Патрик Вајтсел (60) и неговата сопруга која му ја вратила вербата во љубовта.
Холивудскиот агент и мултимилионер Патрик, чии клиенти вклучуваат имиња како Бен Афлек, Мет Дејмон и Дензел Вашингтон, денес е во брак со Пиа Милер (41), талентирана актерка и поранешен модел со потекло од Чиле.
Нивната венчавка била одржана во 2021 година и била многу поинтимна и поповлечена од луксузот којшто ја опкружува венчавката на Безос и Санчез.
Разводот на Патрик и Лорен се случил во 2019 година, а причината била аферата на Лорен со милијардерот Џеф Безос, којшто тогаш сѐ уште бил во брак со сопругата Мекензи Скот. Иако бракот им траел од 2005 година и се чинело дека се складно семејство со три деца, откривањето на пораките и заедничките фотографии на Лорен и Безос во јавноста создало медиумски хаос, па набрзо следел разводот.
Според пишувањето на американските медиуми, разводот бил завршен во тишина, без голема судска битка, а поделбата на имотот била проценета на над 10 милиони долари.
Патрик, чие богатство се проценува на околу 450 милиони долари, не ги коментирал деталите од разводот, додека Лорен ја продолжила врската со Безос со кој наскоро ќе се венча.
Пиа е родена 1983 година во Чиле, а како дете со семејството се преселила во Мелбурн, Австралија. Во глумата влегла постепено, но вистинско внимание привлекла со улогата на Катерин Чапман во сапуницата „Home and Away“ која ѝ донела и номинација за награда.
Нејзината последна филмска улога била во 2019 година во холивудската авантура „Dora and the Lost City of Gold“ каде ја толкувала улогата на тетката на славната хероина.
Покрај глумата и моделингот, таа е успешна и во бизнисот. Основала бренд за природна козметика.
Пиа има двајца синови Исаја (21) и Ленокс (18). Првиот син го родила на само 19 години, но без оглед на младоста и предизвиците кои ги имала никогаш не се откажала од кариерата:
„Родив дете, го носев детето со себе на снимање, се грижев дали со нешто го загрозувам. Додека другите се забавуваа, јас менував пелени“, изјавила таа.
„Но, не се чувствувам како нешто да сум пропуштила, едноставно мојот пат беше поразличен“.
Пиа и Патрик се запознале во 2019 година преку заеднички пријатели. Нивната врска првпат јавно ја покажале на забава за Ноќта на вештерките во Лос Анџелес, а потоа и на црвениот тепих на премиерата на филмот „Ford vs Ferrari“.
Во текот на пандемијата на коронавирусот биле разделени, таа во Сиднеј, а тој во Лос Анџелес, но сепак останале блиски.
Се вериле во 2020 година, а се венчале на приватна церемонија во мај 2021 година. Медениот месец го поминале во Мексико.
Денес живеат во луксузна вила во Лос Анџелес, вредна 42,9 милиони долари, заедно со нејзините синови.