Покрај глутенот, месото и шеќерот, Новак Ѓоковиќ ја исфрлил и оваа намирница од исхраната – се смета за здрава: „На почеток ме критикуваа...“

Супермен

27/05/2025

08:17

5.035

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, којшто неодамна ја освои својата стота титула во кариерата, познат е по тоа што се грижи за својата исхрана и за сѐ што внесува во организмот, а со текот на времето целосно исфрлил одредени намирници.

Познато е дека Новак преминал на безглутенска исхрана, што за краток период позитивно се одразило на неговата општа состојба, форма и игра.

На страницата „novakdjokovic.rs“ опишано е дека по исфрлањето на глутенот во 2012 година, значително му се зголемило нивото на енергија и дека речиси веднаш се ослободил од хроничниот умор.

„Исфрлањето на глутенот, протеинот којшто се наоѓа во пченицата и другите житарки, ја елиминираше главната причина за воспаленија и проблеми со дигестијата. Оваа промена не ги подобри само тие работи кај него, туку помогна и во намалување на воспаленијата во целото тело, што е клучно за закрепнување и перформансите во спортот како што е тенисот. Со избегнувањето на глутенот, Ѓоковиќ успеа да го чува константното ниво на енергија и концентрација, како на терен така и надвор од него“, се наведува на страницата.


Месо и производи од животинско потекло

Ѓоковиќ во последниве години не консумира ништо што потекнува од животни, вклучувајќи го и месото, млекото, сирењето и јајцата.

„Среќен сум што сум на ваква исхрана и што играм на ова ниво. На почеток имаше многу критики, луѓето околу мене не веруваа дека можам да издржам, имаше сомнежи и прашања. Поминав низ различни фази на приспособување на новиот стил на живот“, изјавил Новак и додал:

„Ова не е само диета, постои етичка причина, свест за сѐ што им се случува на животните, за колењето и условите на фармите. Сето тоа има огромно влијание и на климатските промени, иако многумина не сакаат да зборуваат за тоа. Тоа за мене е поважно од самата игра, тоа е животен пристап на којшто сум горд. Се надевам дека мојот пример ќе инспирира и други спортисти да преминат на ваков режим затоа што можат добро да закрепнуваат, да имаат сила и мускули. Ништо не ми недостасува“.


Млеко и млечни производи

На спомнатата страница се истакнува дека постои уште една важна промена во исхраната на Новак. Млекото кое сепак се смета за здрава намирница, Новак го исфрлил од исхраната.

Како и глутенот, млекото кај многумина може да предизвика воспаленија и проблеми со варењето. Кај Новак оваа промена го подобрила варењето на храната и помогнала во решавање на респираторните проблеми.


Шеќер

Уште една намирница која е строго забранета во домот на Новак е шеќерот. Позната е анегдотата дека по освојување на Австралија опен во 2012 година Новак посакал чоколадо и себеси си дозволил само една коцка.

Тоа секако не значи дека не консумира јаглехидрати, често јаде тестенини за ручек, но исклучително безглутенски. Тој всушност избегнува преработени шеќери кои се наоѓаат во слатките и газираните пијалаци.

Слатките работи на кои не може да одолее се урмите, богати со растителни влакна и со низок гликемиски индекс (42), тие се прекрасен избор кога ви се јаде нешто благо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk