На овој Данец му било здодевно во пензија, па решил на 83 години да вози автобус: „Тоа е рецептот за долг живот“

Точка

30/05/2025

17:10

822

Големина на фонт

а а а

Торбен Алструп-Нилсен е 83-годишен возач на автобус кој го испитот положил за автобус на 70-годишна возраст. Сега работи на данскиот полуостров Јитланд.

Пред пензионирањето, тој бил професионален војник и бизнис консултант. Меѓутоа, пензионерскиот живот му здодеал, па затоа решил повторно да работи, пренесе Дојче Веле.

„Здрав сум и енергичен, па затоа побарав работа“, рече Торбен, кој тврди дека парите не му биле мотивација повторно да почне да работи.

Всушност, на тој начин сакал да остане активен. Како што рекол, кога уживаш во работата, уживаш и во животот. Тој го смета ова за рецепт за долг живот.

Според Дојче Веле (DW), еден од четири Данци ќе биде постар од 65 години до 2050 година. Земјата, како и повеќето други во Европа, има потреба од постари луѓе за да го пополни недостигот од работна сила.

Торбен верува дека ставовите на јавноста кон постарите работници се менуваат, а неговите колеги и патници имаат доверба во него како возач на автобус.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk