[ВИДЕО] Реставрирале автомобил од 1954 година, па нешто светнало под седиштето: „Луѓе, што е ова? Дали е вистински?“

Супермен

29/05/2025

22:24

6.033

Големина на фонт

а а а

Брачен пар привлекол внимание на ТикТок во видеото во кое прикажуваат олдтајмер од 1954 година кој одлучиле да го реставрираат, не надевајќи се на изненадувањето кое ги очекувало.

Шерон Тапсон, објаснила дека класичниот модел „Riley“ буквално собирал прашина во последните 20 години, па одлучиле да ги засукаат ракавите, пренесува „Mirror“.

„Изгледа старо и позлатено“

„Прво ќе ви покажам како изгледаше внатрешноста претходно“, вели жената и ги покажува фотографиите од валканите кожни седишта кои во меѓувреме биле отстранети.

Кога гледачите можеле да видат како олдтајмерот сјае, Шерон ја покажала фотографијата од предметот којшто случајно го нашле на подот од возилото.

„Мојот сопруг го здогледа под едно од седиштата. Сега не сме сигурни дали е оригинал или не. Изгледа старо и позлатено. Дали може да помогнете“, изјавила таа.


Изненадување од минатото

За што станува збор? Сопружниците пронашле винтиџ „Rolex“.

Бројни корисници одлучиле да помогнат, а еден со воодушевување напишал:

„Rolex правел кварцни часовници од 70-тите до почетокот на 2000-тите. Тоа беше серијата „Oysterquartz“. Мислам дека сте нашле еден таков примерок“.

Друг корисник се надоврзал: „И јас би рекол дека поседувате „Oysterquartz“ од 70-тите“.


Постојат воени ознаки?

Трет корисник дал друго мислење: Овој часовник изгледа како копија на „Rolex“ затоа што нема никакви ознаки. Доколку е оригинал, веројатно многу вреди“.

Имало и такви кои тврделе дека часовникот има ознаки и тоа воени. Една личност напишала:

„Државата ги давала на пилотите и посадата од подморниците“.

Засега не е познато дали Шерон и нејзиниот сопруг побарале мислење од некој експерт за часовници и дали ја решиле мистеријата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk