Легендарниот фудбалер се враќа на теренот: Потпишал професионален договор на 58 години за да го исполни својот сон

Супермен

17/04/2024

18:18

7.472

Големина на фонт

а а а

Легендарниот бразилски фудбалер и еден од најдобрите напаѓачи во историјата, Ромарио, на 58-годишна возраст се враќа на фудбалскиот терен, а следната сезона ќе заигра со синот Ромарињо (33).

Ромарио последниот натпревар во кариерата го одигра за Америка од Рио де Жанеиро во 2009 година, кога имаше 43 години.

Сега тој е во улога на претседател на тој клуб, а одлучил да потпише договор за играч и официјално ја има улогата на претседател-играч.

„Да појаснам, не се враќам за да се натпреварувам во првенството, туку да одиграм неколку натпревари за мојот омилен тим. Исто така, ќе исполнам уште еден сон - ќе играм со мојот син“, изјавил Ромарио, кој наводно потпишал договор со кој ќе добива минимална плата, а истата ќе ја донира назад во клубот.

Америка се натпреварува во првенството Кариока, во кое учествуваат клубови од Рио, а започнува во средината на мај.

Ромарио во кариерата постигна 55 погодоци на 71 натпревар за Бразил, и 690 погодоци на 893 натпревари за клубови, иако тој тврди дека постигнал повеќе од 1000 голови во кариерата и дека е најдобар стрелец во историјата. Сега реши да се врати на теренот за да може да игра со својот син Ромарињо.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk