Ѕвездата на „Austin Powers“ по 2 години снимена во јавност, многумина не можат да веруваат дека е тој

Супермен

29/04/2024

15:24

9.156

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на „Austin Powers“, комичарот Мајк Мајерс по долго време се појави во јавноста, но неговите фанови не се сигурни дека тоа е тој.

Имено, познатиот актер во неделата присуствувал на гала доделувањето на наградите „AFI“, кое се одржа во театарот Долби во Лос Анџелес, кога излегол на сцената за да одржи говор.

За време на јавниот настап, тој зборувал и за можностите за снимање на продолжение на „Austin Powers“, а се очекува повторно да го позајми гласот во петтиот дел од „Shrek“.

Мајерс, кој е познат по тоа што го чува својот живот подалеку од светлото на рефлекторите, се појавил маскиран на сцената.


Но, интересно е што го привлече вниманието на многумина со својот нов изглед. Актерот изгледа многу поинаку од порано, а особено се истакнува неговата седа коса.

Сепак, бројните фанови и корисници на социјалните мрежи ја искористија приликата да пишуваат за неговиот изглед, коментирајќи дека тоа всушност не е тој.


„Дали ова навистина е Мајк Мајерс?“, „Сакаат да нѝ кажат дека ова е Мајк Мајерс. Не, не е“, „Дали вистинскиот Мајк Мајерс може да стане?“, „Изгледа тотално поинаку“, се само дел од коментарите.

Инаку, овој 60-годишен актер последен пат се појави на екраните во 2022 година, кога глумеше во ситкомот на „Netflix“, „The Pentaverate“ и во филмот „Amsterdam“ на Дејвид О. Расел.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk