Том Круз моментално престојува на Мајорка поради снимањето на новиот филм. А, во текот на паузите од снимањето тој ја посетил плажата, па се фотографирал без маица, а фотографиите од разголениот актер за кратко време се прошириле на социјалните мрежи.
Актерот Том Круз (61) добил многу комплименти поради тие фотографии. Му говорат дека и натаму е заводлив како во текот на помладите години.
Круз имал интересен стајлинг за плажа, а на фотографијата изгледа многу младолико.. Инаку, неретко се коментира дека третманите со ботокс и слични методи не му се непознати.
Од друга страна, може да се воочи дека тој е во одлична форма и поради разните акробации кои ги изведува на филмските снимања затоа што се знае дека тој ретко бара помош од каскадерите.
На Круз му се придружил и режисерот Алехандро Гонзалез, па на голема едрилица пловеле по водите на Мајорка, веројатно во состав со подготовките за следниот филм на овој режисер.
Уште од февруари беше откриено дека Том бил во преговори со „Warner Bros“ за соработка со мексиканскиот режисер чие име стои зад филмовите „Birdman“ и „The Revenant“.
Според пишувањето на „Deadline“ Том бил еден од првите актери кои разговарал со Алехандро за она што ќе биде првиот филм на англиски јазик на режисерот во последните девет години.
Круз претходно во Лондон бил на снимање на филмот „Mission Impossible“. Тој исто така е во центар на внимание поради односот со ќерката Сури која не ја видел со години. Наследничката неодамна наполнила 18 години и нема навестување дека ќе се смири со својот татко.
Том ќерката Сури ја добил со поранешната сопруга Кејти Холмс. Зад себе има брак и со Никол Кидман со која ги посвоил Изабел и Конор со кои е многу близок.
Бил оженет и со Мими Роџерс. Ќерката и синот наводно се во добри односи со него и поради скиентологијата која ја следат. Од иста причина тој не разговара со поранешната сопруга Никол.