[ФОТО/ВИДЕО] Деми Мур не се одвојува од 27 години помладиот музичар: Фотографирани се заедно во хотел

Точка

06/06/2024

08:37

11.925

Големина на фонт

а а а

Актерката Деми Мур и 27-годишниот музичар Џо Џонас во последно време се многу блиски, речиси неразделни.

Тие се фотографирани како уживаат на заеднички ручек во хотел во Франција. Деми и Џо наводно се запознале во Кан по настапот на пејачот.


Музичарот сподели серија фотографии и видеа од Кан, каде минатата недела Деми Мур беше водителка на настанот, а на едно од видеата се гледа како таа танцува, токму во негово друштво на иста маса.

Џонас (34) неодамна стави крај на петмесечната врска со актерката Сторми Бри. Џонас започна да излегува со Сторми само неколку месеци откако поднесе барање за развод од актерката Софи Тарнер, по четири години брак.


Деми зад себе има три брака - со Фреди Мур, Брус Вилис и Ештон Кучер. Кучер е 15 години помлад од неа, а во брак беа од 2005 до 2012 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk