Оваа девојка пред 10 години го маѓепса целиот свет - погледнете како изгледа денес

Супермен

13/06/2024

23:10

16.266

Големина на фонт

а а а

Пред 10 години, на 12-ти јуни 2014 година започна Светското фудбалско првенство во Бразил. И тогаш натпреварите ги следеа бројни навивачи, но особено се истакна младата белгиска навивачка Аксел Деспигеларе, чии фотографии го обиколија светот по мечот помеѓу Белгија и Русија.

Аксел тогаш имаше само 17 години, а медиумите веднаш ја прогласија за најубавата навивачка на тоа светско првенство.


Таа со својата убавина го маѓепса целиот свет, па набрзо доби понуда за соработка од „L’Oreal“. Познатата компанија ѝ понудила профитабилен договор, а набрзо Аксел започна да ги претставува нивните производи. Сето тоа наликуваше на добар почеток на потенцијална манекенска кариера, но „The Sydney Morning Herald“ пронајде и објави фотографија на која девојката позира покрај убиено животно со пушка во рака.


Со оглед на тоа дека „L’Oreal“ се залага за правата на животните, многумина се прашуваа дали компанијата ќе ја откаже соработката. Токму тоа и се случи, но од „L’Oreal“ тогаш не сакаа да коментираат дали токму таа фотографија е причина за раскинувањето на договорот и потврдија само дека знаат за нејзиното постоење.

Аксел подоцна се повлече од јавниот живот и не е познато со што се занимавала во наредните години. Во меѓувреме девојката се омажила, а денес е популарна на социјалните мрежи каде ја следат речиси 30.000 луѓе.

Погледнете како изгледа Аксел денес:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk