[ФОТО] Го возеше најдобриот тенисер на светот: На продажба култниот „жолт ѓавол“

Супермен

26/06/2024

11:48

8.198

Големина на фонт

а а а

На аукција се најде „Lamborghini Diablo“ кој бил во сопственост на Томас Мустер, некогашниот број 1 на АТП листата.

„Diablo“ до 100 км/ч. пристигнува за само 4,3 секунди, а има 5,7-литарски V12 мотор со 485 коњски сили и внатрешност од црна кожа.

Станува збор за „жолт ѓавол“ односно култен модел од 90-те години на минатиот век, а свои примероци поседуваа и кечерот Хулк Хоган, пејачката Мараја Кери како и актерот Пирс Броснан.


Се предвидува дека аукциската куќа „RM Sotheby's“ ќе го продаде за 253.000 фунти, а само во текот на 2023 година во неговото одржување биле вложени 68.000 фунти.

Овој автомобил е произведен во 1994 година и низ светот постојат само 873 примероци.

Австриецот Мустер инаку беше светски број 1 во февруари 1996 година. Тој го освои Отвореното првенство во Франција во 1995 година, а „Diablo“ го поседувал во период од 6 месеци, помеѓу април и октомври 2021 година.






Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk