Сакате да живеете во Италија? Тоскана нуди неповратни средства за да се преселите таму, а еве кои услови треба да ги исполните

Супермен

01/07/2024

19:29

3.037

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот регион Тоскана се обидува да привлече нови жители со грантови во износ од 10.000 до 30.000 евра.

Имено, тие нудат пари за помош за да се покријат трошоците за купување и реновирање куќа, а на располагање се 76 гратчиња и населби, пишува „Forbes“.

Неповратните средства се доволни да покријат до 50 отсто од трошоците поврзани со купување и реновирање на дом во градовите со помалку од 5.000 жители.


Просечната цена за купување куќа во најевтината провинција во Тоскана, Пистоја, изнесува 1.472 евра за метар квадратен.

Еве кои се условите

Апликантите мора да бидат италијански државјани, државјани на Европската унија или државјани надвор од ЕУ со дозвола за долгорочен престој и мора да се регистрираат како жители во италијанскиот град кој ќе го одберат.

За граѓаните на САД заинтересирани за оваа можност, процесот вклучува неколку дополнителни чекори во споредба со граѓаните на ЕУ.


Американците прво мора да добијат дозвола за долгорочен престој, за која обично е потребен доказ за финансиска стабилност или понуда за работа во Италија.

Италијанското Министерство за животна средина објави истражување од 2016 година кое покажува дека речиси 2.500 градови се толку ненаселени што нема да преживеат повеќе од 25 години.

Минатата година „CNN“ објави дека во земјата постојат околу 6.000 напуштени села.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk