Отчукувањата на срцето откриваат тајна: Роналдо бил „ладен како мраз“ пред изведувањето на пеналот против Словенија

Супермен

03/07/2024

17:00

1.780

Големина на фонт

а а а

Американската компанија „Whoop“ објави интересни податоци поврзани со Кристијано Роналдо за време на натпреварот од осминафиналето против Словенија.

Во последната минута од првото продолжение Роналдо промаши пенал при резултат 0:0, по што се расплака, но успеа да си „дојде при себе“ пред изведувањата на пеналите кои го одлучија победникот.

Имено, Роналдо веќе со месеци носи нараквица WHOOP 4.0 на зглобот, која меѓу другото му ги мери и отчукувањата на срцето, а сега компанијата „Whoop“ ѝ откри на јавноста колку изнесувале отчукувањата на срцето на Роналдо во текот на изведувањето пенали кое го одлучи патникот во четвртфиналето на ЕУРО.

По завршувањето на второто продолжение, срцето на Роналдо чукало со брзина од 180 отчукувања во минута, а кога дошло време тој да го изведе првиот пенал за Португалците, бил потполно смирен.

Тој успеа да ги намали отчукувањата на срцето на 100 во минута, па не е ни чудо што успешно ја погоди мрежата на Облак.

Кога топката влезе во мрежата, отчукувањата му пораснале на 150 во минута, а кога Бруно Фернандеш го изведе вториот пенал, отчукувањата изнесувале 125 во минута.


Во моментите кога топката при изведувањето на третиот пенал била кај Силва и кога тој ѝ обезбеди пласман на Португалија во четвртфиналето, отчукувањата на срцето на Роналдо надминале 180.

За потсетување, сите тројца Португалци беа прецизни, додека голманот Диого Коста ги одбрани шутевите на Јосип Иличиќ, Јуре Балковец и Бенјамин Вербиќ.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk