Најубавата русокоса на светот себеси се нарекуваше „бомба со големи гради“, но повеќе не изгледа вака – новите папарацо фотографии прикажуваат сосема друга девојка

Супермен

01/07/2024

17:00

4.558

Големина на фонт

а а а

Манекенката Шарлот Мекини неодамна уживала на плажа во Мајами, а папараците не пропуштиле прилика да ја снимат познатата 30-годишна русокоса во моментите на одмор.

Таа продефилирала по плажата во тренди, минијатурно бикини со цветен принт, а вниманието како и обично го привлече нејзиното раскошно деколте.


За потсетување, Шарлот Мекини се прослави благодарение на заносните облини, а нејзините бујни гради ѝ ја отворија вратата во светот на манекенството. Едно време беше толку популарна што во 2017 година беше прогласена за најубава русокоса на светот, а брендовите за долна облека и костими за капење практично се „бореа“ за неа.


Оваа 30-годишна девојка ја красеше витка линија и природно бујни гради, што е реткост во светот на манекенството. Во периодот од 2015 до 2018 година беше на врвот на кариерата, а мажите често ја нарекуваа и „новата Памела Андерсон“. Заедно со пробивот во светот на модата, таа се испроба и во актерството, а во 2017 година се појави во филмот „Baywatch“.


Но, кариерата на Мекини оттогаш стагнира, иако таа сè уште активно се занимава и со актерство и со манекенство.

Инаку, таа последниве години изгледа малку поинаку во однос на периодот кога првпат се појави, а доказ за тоа се новите фотографии од плажата во Мајами.


Таа е значително послаба, а со тоа се намалило и нејзиното бујно деколте, иако сè уште има со што да се пофали. Шарлот дури во една прилика се нарече себеси „бомба со големи гради“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk