Кој е Амбани кој живее во замок чија вредност е речиси колку Бакингемската палата? Ријана и Бијонсе „тезгарат“ кај него

Супермен

09/07/2024

12:33

13.671

Големина на фонт

а а а

Богатството на Мукеш Амбани, кој ја предводи компанијата „Reliance Industries“, се проценува на 115 милијарди долари, покажувајќи податоци од Форбсовата листа на најбогатите луѓе во светот.

Групацијата со седиште во Мумбаи е најголемата приватна компанија во Индија, а предводат бизнисите за петрохемија и текстил. Меѓутоа, за богатството на ова семејство придонесува и ексклузивниот договор кој го имаат потпишано со „Дизни“.

Се очекува до крајот на 2024 година, евентуално почетокот на 2025 година, да се создаде медиумска компанија вредна 8,5 милијарди долари, која ќе се состои од најмалку 98 забавни и спортски канали, како и две стриминг платформи.


Амбаниеви не сакаат да бидат гламурозни само кога прославуваат нешто, па така нивната вила Антилија Мумбаи (Индија) е втората најскапа приватна куќа во светот – само Бакингемската палата е поскапа.

За цена од околу 2 милијарди евра, резиденцијата меѓу другото нуди снежна соба (може и снег по желба), продавница за сладолед, три хелиодроми и гаража за 168 автомобили, а околу 600 вработени се грижат за дома.

Најбогатиот човек во Индија, Мукеш Амбани, за свадбата на својот најмлад син Анант Амбани и Радика Мерчант потрошил повеќе отколку за свадбата на ќерка си, каде што настапувала Бијонсе.


Пејачот Џастин Бибер се приклучил на низата на голем број меѓународни ѕвезди кои настапиле на забавата организирана за синот на најбогатиот човек на Индија и неговата идна сопруга, пренесува Би-би-си.

На првата забава која ја приредил богатиот пар непосредно пред нивната венчавка настапила Ријана, додека Кети Пери, Бекстрит Бојс и италијанскиот тенор Андреа Бочели пееле на втората, за време на крстарењето по Медитеранот.


Сè уште не е познато која ѕвезда ќе настапи на венчавката претстојниот викенд, а на социјалните мрежи се шират информации дека тоа би можела да биде Адел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk