[ВИДЕО/ФОТО] На теренот сила, на насловните страници – модна икона: „Vogue“ и Новак Ѓоковиќ се совршен спој

Супермен

12/07/2024

19:00

13.030

Големина на фонт

а а а

Не само што е најдобар на сите времиња, што е тенисер кој испишува историја, што светот му се восхитува и покажува дека соништата се остваруваат со упорност и труд, Новак Ѓоковиќ е и модна икона, за која во моментов наголемо се зборува!

Најдобриот српски и светски тенисер ја краси насловната страница на новото издание на познатиот светски магазин „Vogue“, со наслов „Најголемиот на сите времиња“.


И навистина е најголем на сите времиња. Изгледа дека Новак може да направи апсолутно сè, па дури и да позира во фантастична машка облека и притоа да изгледа одлично. Со спортска елеганција, тениски рекет и трофеи околу него, токму така изгледа највпечатливата фотографија која го обиколи светот и која говори дека светскиот тениски ас треба сериозно да размисли за манекенство...

Насловната фотографија на магазинот „Vogue Adria“ со Новак во сино издание изгледа совршено, толку што дури и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ реагираше на социјалните мрежи со реченицата: „Ах Боже".


А насловот „Најголемиот на сите времиња – Новак Ѓоковиќ“ веќе кажува доволно.

Фотографиран е во неколку модни изданија, а како што и самиот признал, е воодушевен од ретро стилот и со оглед на тоа што за првпат се најде во улога на модел, вели дека тоа му се допаѓа.

„Речиси никогаш не носам панталони, но морам да признаам дека размислувам да почнам, кога ќе се видам себеси во нив. Не се чувствувам како модна икона, ниту некогаш сум се замислувал како таков, но вие направивте да се чувствувам така“, изјавил Ѓоковиќ во интервјуто.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk