Венчаницата од соништата постои, ја видовме кај сопругата на Алекса Аврамовиќ! Симпатичниот кошаркар пред две години се оженил за убавата Теодора, а таа по тој повод облекла софистициран фустан со домашен потпис.
Алекса Аврамовиќ и неговата сопруга го кажаа судбоносното „да“ летото 2022 година во родниот Чачак. Колегите од „Zena.blic“ пронашле фотографии и сите сме воодушевени од тоа како изгледале младенците на тој важен ден.
Теодора и Алекса Аврамовиќ неодамна ја прославиле втората годишнина од бракот. По тој повод кошаркарот на Инстаграм профилот објавил фотографија со број „2“ и емотикон со срце.
Венчаницата од соништата на Теодора Аврамовиќ
Сопругата на Алекса Аврамовиќ облекла неописливо убава венчаница, која не само што е елегантна, туку и безвременска.
Станува збор за креација на Нина Рајак, српска дизајнерка, а фустанот е дел од линијата Bridal. Нина е позната по своите екстравагантни креации, но во нејзините колекции достапни се и фустани за жените кои сакаат нешто поскромно и поромантични модели, како тој на Теодора.
Венчаницата од соништата, која била украсена со нежни детали на задната страна, била комплетирана со руширана бела мрежа, едноставна пунџа и дискретна шминка.
Невестата блескала, а младоженецот бил на висина на задачата.
Складниот и неодоливо шармантниот пар собрал бројни комплименти за нивниот изглед.
Со својот моден избор, Теодора дефинитивно е вистинска инспирација и доказ дека „помалку е повеќе“, и дека едноставните модели на венчаници можат да бидат подеднакво ефективни и гламурозни.