[ВИДЕО] Познатиот рапер е првиот човек кој го поседува овој скапоцен часовник: Изработен е во чест на спортскиот автомобил на „Bugatti“, а од неговата цена ќе ви се заврти во глава

Супермен

22/08/2024

15:30

8.710

Големина на фонт

а а а

Раперот и продуцент Џеј-Зи е голем љубител на скапи часовници. Хип-хоп милијардерот е првиот човек кој поседува часовник „Bugatti Tourbillon“ од 340.000 долари.

Во текот на својата кариера, раперот стана сопственик на некои од најретките часовници во светот. Тој неодамна додаде уште еден ексклузивен часовник во својата колекција. Во петокот, сопругот на Бијонсе беше фотографиран како носи часовник „Bugatti Tourbillon“ чија цена изнесува 340.000 долари, дизајниран од познатиот златар Џејкоб Арабо.


Инаку, тој е првиот што го поседува овој луксузен часовник, а според дизајнерот тоа е своевиден јубилеј бидејќи Џеј-Зи пред 25 ггодини исто така прв го носеше неговиот часовник со 5 временски зони.


Хиперчасовникот „Bugatti Tourbillon“ е уникатен часовник кој Џејкоб го создал во чест на спортскиот автомобил „Tourbillon“ на „Bugatti“ вреден 4,1 милиони долари, па така часовникот има детали кои потсетуваат на брендот на луксузни автомобили.

Џејкоб Арабо е познат по дизајнирањето на ултра скапи и необични рачни часовници, а меѓу неговите клиенти се бројни познати личности.


„Ова не е само часовник - тоа е симбол на нашата посветеност на иновациите, изработката и тежнеењето по невозможното“, заклучил Џејкоб.

Часовникот е ограничен на само 150 парчиња.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk