[ФОТО] Мишелин вели: Три години работевме на гумите за Мерцедес „AMG GT“

Супермен

03/09/2024

21:47

5.361

Големина на фонт

а а а

Компанијата Мишелин во период од три години работеше на развивањето на специјалните гуми за новиот Мерцедес „AMG GT“, а станува збор за гумите наречени „Michelin Pilot Sport S 5“.

Според информациите до коишто дојде Јутјуб каналот „Tyre Reviews“ во текот на посетата на тест полигонот во Ладу во Франција, Мишелин употребувал 25 различни смеси за предните гуми и 20 за задните, а инженерите сакале да обезбедат овие гуми да имаат добри перформанси како при суво така и при влажно време.


Пјер Антоан Грегуар, главниот развоен возач, се фокусирал на тоа гумите да понудат врвно управување. Тој размислувал за многу работи како што е начинот на којшто автомобилот ќе се движи по прави патишта, какво ќе биде чувството при користењето на воланот и како ќе реагираат гумите кога автомобилот брзо ќе ја промени насоката.


Конечниот дизајн на предните гуми има три делови. Внатрешниот е добар за влажни патишта, средниот нуди оптимални перформанси при суво време, а надворешниот дел е доволно цврст за возење на патеки. Задните гуми имаат два делови коишто се споени со влажниот, средниот дел за перформанси на суво и надворешниот дел којшто исто така е направен за суво време.


Мишелин работеше на овие гуми во исто време кога и Мерцедес го развиваше новиот „AMG GT“, а целата работа беше направена во круг на тест полигонот на Мишелин во Ладу во Франција.

Сè повеќе произведувачи на автомобили блиску соработуваат со компании коишто произведуваат гуми со цел пневматиката совршено да им одговара на нивните возила. Ова им овозможува да обезбедат оптимално функционирање на шасијата на автомобилот, управувачкиот систем и сопирачките.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk