Прославениот тенисер денеска го прославува својот 53-ти роденден.
Горан Иванишевиќ е еден од најуспешните тенисери од нашите простори, а откако го „закачи рекетот за клин“ му стана тренер на Новак Ѓоковиќ со кој неодамна ја прекина соработката.
Неговото име се поврзува со бројни успеси во сферата на белиот спорт, но неговиот приватен живот, исполнет со интриги од самиот почеток, е нешто што особено ја интересира пошироката јавност.
Бракот со првата сопруга беше проследен со јавни скандали и несогласувања, а со сегашната сопруга Иванишевиќ со години ужива во хармоничен и повлечен семеен живот.
Од бракот со Татјана Драговиќ, кој неславно заврши пред 11 години, поранешниот тенисер има две деца: ќерката Амбер Марија и синот Емануел.
Нивната врска ја одбележаа низа скандали, вклучително и неверства за кои пишуваа медиумите, а сето тоа доведе до развод во 2013 година.
Само неколку години подоцна, Иванишевиќ повторно го кажа „судбоносното да“, овој пат на хрватската водителка Нивес Чановиќ.
Нивес дипломирала на Економскиот факултет, но својот животен повик го пронашла во радио водителството. Таа се испроба и во актерството преку неколку улоги во телевизиски серии, а еден од најпознатите ангажмани ѝ е во емисијата „Leteći start“.
Парот ја започна својата љубовна врска во 2016 година, а само една година подоцна се венчаа во тајност. Само три месеци подоцна, двајцата ја споделија среќната вест за бременоста на водителката.
Нивес, која е 10 години помлада од Горан, во 2018 година го роди нивното прво заедничко дете, синот Оливер.
Како што еднаш откри убавата сопруга на Иванишевиќ, со нив живее и нејзиниот посинок Емануел, а тој одлично се сложува со својот помал брат.
„Оливер го гледа Емануел како Бог. Значи, тој му е сè“, истакна таа во една прилика.
Изгледа дека Иванишевиќ никогаш не бил посреќен и иако често зборува за приватниот живот, со една кратка изјава разјасни сè.
„Среќен сум, сега сè е супер. Конечно, сонцето сјае, а и јас“, рече тој.