Американците се и згрозени и бесни откако рускиот државен ТВ канал ѝ честиташе на Меланија Трамп за реизборот на нејзиниот сопруг Доналд на функцијата претседател на САД, прикажувајќи ги нејзините разголени фотографии во текот на програмата во живо. Информацијата за овој скандалозен потег на моќниот ТВ канал, најпрво беше објавена на социјалната мрежа „Х“.
Во текот на емисијата „60 минути“ на каналот „Russia – 1“, инаку најгледаниот во земјата, водителите Евгениј Попов и Олга Скабеева зборуваа околу реизборот на Трамп и притоа, на екранот прикажуваа бројни фотографии од времето кога Меланија се занимаваше со манекенство.
Меѓу нив имаше и фотографии на кои Меланија е гола, а кои беа направени како дел од приказната за неа, објавена во 2000 година во магазинот „GQ“, а таа и Трамп веќе тогаш беа во врска.
WATCH. Russian state channel shows nude photos of Melania Trump: presenter visibly struggles not to burst out laughing.https://t.co/p2yKQJjSea
— 💙Charlie's Angel (@realskoebiedoe) November 8, 2024
Јулија Дејвис, која ја основаше руската група за следење на руските медиуми „Russia Media Monitor“, објави видео од скандалозната емисија со натпис: „Истовремено во Русија: Еве како најгледаниот државен телевизиски канал во земјата го поздрави неодамнешното враќање на Меланија Трамп во Белата куќа. Олга Скабеева се обидува да остане сериозна, ова веројатно било нејзина идеја“. Во меѓувреме, нејзината објава беше отстранета, но други корисници на социјалните мрежи ја преземаа и оттогаш таа со голема брзина со прошири на „Х“.
Луѓето на Трамп, кои беа контактирани од бројни медиуми за коментар, како и претставниците на „Skyhorse Publishing“, издавачката куќа на Меланија, сè уште не се огласија.
Во коментарите на социјалните мрежи корисниците пишуваат дека „Путин ја покажува својата надмоќ над Трамп, но и над целата земја“.
Потсетуваме фотографиите од магазинот „GQ“ и порано кружеа низ медиумите и на социјалните мрежи, уште кога Доналд Трамп за првпат стана претседател на САД. Меѓутоа и порано, во текот на изборот на претседателскиот кандидат на Републиканската партија, се појави дигитална реклама во која беа користени истите фотографии со зборовите:
„Запознајте ја Меланија Трамп. Вашата следна прва дама. Или, поддршката можете да му ја дадете на Тед Круз“. Круз, кој беше противкандидатот на Трамп на внатрепартиските избори, негираше каква било поврзаност со оваа реклама.