"Bugatti" има нова мета: Дали целат кон недостижното?

Точка

25/11/2024

13:28

5.609

Големина на фонт

а а а

Брендот повеќе нема пристап до познатата тест патека на "Volkswagen Group", "Ehra-Lessien". Но, тоа нема да го спречи директорот Мата Римац во неговите планови да постигне уште поголеми цели.

"Bugatti" не заврши со соборување рекорди. Откако "Mistral" постигна брзина од 453,91 км/ч за време на тестирањето, директорот Мате Римац најави нова цел: соборување на брзинскиот рекорд од 500 километри на час.

Екипажот на "Top Gear" присуствуваше на поставувањето рекорд на "Mistral" на тест патеката Папенбург претходно оваа година и го забележа Римац како разговара со еден од инженерите на Мишелин.

На прашањето дали зборуваат за гуми кои можат да издржат брзини над 500 km/h, се покажа дека се во право.


„Токму тоа беше темата на нашиот разговор“, изјави Римац.

„Сфатив дека присутните овде се одговорни за високите перформанси и тркачките гуми, па ги прашав: „Можете ли да го направите ова? Можете ли да го направите тоа? Каде е границата?‘“

Римац, исто така, праша: „Можеме ли да направиме почетниот број на новиот рекорд за максимална брзина да биде „пет“?

Јасно е дека неговите амбиции се високи.


Иако Bugatti сè уште ги нема објавено сите технички податоци за својот најнов автомобил, хибридниот "V16" модел "Tourbillon", нема сомнеж дека има доволно моќ и аеродинамични својства за да ја достигне митската брзина од 500 km/h.

Прашање е само дали компанијата има соодветна локација за ваков потфат.

Откако Bugatti беше отфрлен од "Volkswagen Group", тој повеќе нема пристап до брзата патека "Ehra-Lessien", каде "Veyron" и "Chiron Super Sport" ги постигнаа своите рекорди од 430 и 490 km/h.


Тоа значи дека ќе мора да се вратат во Папенбург или да користат писти како вселенскиот центар Кенеди во Флорида, каде што производителите Хенеси и ССЦ го спроведуваат своето тестирање.

"Bugatti", исто така, би можел да го „следи патот“ кој го избра "Koenigsegg" и да го затвори јавниот пат за да постигне сопствено рекордно возење.