[ФОТО/ВИДЕО] Во гробница на викиншки владетел пронајдена порака стара 150 години: Археолозите вчудовидени поради она кое го открија

Точка

04/12/2024

16:43

1.770

Големина на фонт

а а а

Норвешките археолози одлучија повторно да ја истражат гробницата на викиншкиот крал Аудбјорн. Гробницата првично била откриена во 1874 година, меѓутоа локалитетот не бил истражуван најмалку 100 години, a сега археолозите се соочиле со изненадување кое не го очекувале.

Аудбјорн загинал во битката кај Солскјел и бил погребан со најголемиот викиншки брод во светот, познат како Миклебустскипет. Археолозите сакаат да ја номинираат неговата гробница за светско наследство на УНЕСКО, додека за време на последното истражување, пронашле порака во шише оставено од археологот Андерс Лоранж уште во 1874 година. Инаку токму тој ја пронашол гробницата на кралот Аудбјорн, а со пораката сакал да остави личен белег на идните генерации.


„Прилично е спектакуларно што воопшто ја отворивме гробницата, тоа не беше направено во последните 100 години. Имаме намера да продолжиме со работата, а подоцна да се обратиме до УНЕСКО“, изјави историчарот Јакоб Брезден, а пренесува „The Sun“.

Бродот е дел од богатата погребна традиција на Викинзите, па така загинатите воини или владетели често биле закопувани со бродови, оружје и други вредни предмети, што имало значајна улога во верувањата за животот по смртта.


Лоранж ја пронашол гробницата, а потоа ја закопал пораката која неговите колеги ја пронашле 150 години подоцна. Властите објавија серија фотографии од локалитетот во западна Норвешка, прикажувајќи како научниците го пронашле шишето кое подоцна внимателно го отвориле.


„Оваа гробница во 1874 година ја ископал Андерс Лоранж,а покојниците биле запалени во нивниот брод со оружјето и орнаментите. Околу штитот беа поставени мечеви, секири, стрели, а најдовме и многу стари пили. Сè е предадено на музејот во Берген“, се вели во пораката.

Информациите за животот и точната улога на Аудбјорн во општествената хиерархија и политиката на Викинзите се прилично оскудни. Повеќе информации најверојатно ќе бидат откриени преку понатамошни археолошки истражувања на ова подрачје.