[ФОТО] Најпознатиот секс симбол од 90-тите на насловната страна на магазинот: Мрежестиот фустан откри сè

Точка

15/01/2025

19:41

1.298

Големина на фонт

а а а

Без многу шминка или претерано дотерување, актерката Памела Андерсон се најде на насловната страница на магазинот „Perfect“.

Памела Андерсон, поранешниот секс симбол на 90-тите години, одамна го прифати светскиот тренд – природен изглед без трошка шминка.


За големите настани таа секогаш избира едноставни и елегантни изданија, оставајќи ги без зборови сите присутни.

Така беше и овој пат …

Фустани кои го одземаат здивот

Актерката неодамна позираше за моден едиторијал на магазинот „Perfect“, и тоа без шминка. Фотографиите од сетот брзо се најдоа и на социјалните мрежи, а јавноста беше воодушевена од нејзиниот природен изглед.


Највпечатлива фотографија беше онаа во мрежестиот фустан кој ја истакна завидната фигура на Памела, но и нејзината природна убавина.


Познатата актерка исто така се појави и во црвен мини фустан од Изабел Марант, комплетирајќи го нејзиниот заводлив изглед.

Живот без шминка

Потсетуваме, Памела Андерсон веќе некое време ужива во својот природен изглед, без трошка шминка. Таа своевремено за магазинот „Highsnobiety“ раскажа како нејзините синови, но и деловни партнери реагирале на оваа драстична одлука.


„Моите синови рекоа: „Мамо, треба да имаш тим за гламурозни настани“, а моите агенти ми предложија да имам стилист“, призна Памела Андерсон призна во интервјуто, откривајќи дека ги отпуштила своите стилисти.


„Знам да се облекувам. Не ми треба некој да ми ја закопчува блузата. Моите агенти се згрозија кога им го кажав тоа“, откри тогаш таа.