„Squid Game“ е јужнокорејска серија која започна да се емитува во 2021 година и стана една од најгледаните серии, а неодамна излезе и втората сезона. Втората сезона на „Squid Game“ повторно ја залуде публиката ширум светот, а овие денови на интернет почнаа да се шират информации од различни теории на заговор.
Серијата во која група луѓе се борат за живот или смрт во таинствено натпреварување играјќи разни популарни детски игри со цел да ја освојат главната парична награда, брутално го прикажува човечкиот очај и борбата за опстанок. Самиот концепт на серијата ги наведе гледачите да размислуваат за нејзиното потекло, а на интернет се појавија различни теории дека „Squid Game“ всушност се заснова на вистински настан.
Мрачната историја на Јужна Кореја
“SQUID GAME IS BASED ON TRUE STORY”
Squid Game is inspired by a real event that took place in 1986. It took place in a...
Posted by Mommies & Minions on Monday 6 January 2025
Една од најгледаните серии ја извади на површина сосема заборавената мрачна историја на Јужна Кореја, а сè повеќе луѓе почнаа да ги поврзуваат приказните од концентрациониот логор „Домот на браќата“ (The Brothers Home) од 80-те година со серијата, барем така тврдат фановите на социјалните медиуми. Кампот (логорот) наводно работел под маската на центар за социјални работи, наменет за рехабилитација на скитници и бездомници, но во реалноста тие затворале илјадници луѓе во брутални услови. Смртта, тврдат запознаените, била речиси секојдневна појава, а судбината на многу жртви останала засекогаш непозната.
Она што ја прави оваа приказна уште посурова, е начинот на кој јужнокорејската влада ги игнорирала сите настани. Освен тоа, полицијата и локалните службеници често помагале во апсењето на поединци за да се наполни објектот. Добивале финансиска поддршка преку владини субвенции и на тој начин го проширувале својот бизнис. Јужнокорејската влада ги оправдувала овие активности како дел од иницијативата за „чистење на улиците“ и решавање на социјалните проблеми, се пишува по странските медиуми деновиве.
Креаторот на серијата никогаш не спомнал никаква поврзаност и навел низа други извори на инспирација во различни интервјуа.