Британската академија за филмска и телевизиска уметност ја објави листата на номинации за овогодинашните престижни награди БАФТА. Церемонијата ќе се одржи во Лондон на 16 февруари, а домаќин ќе биде шкотскиот актер Дејвид Тенант, најпознат по улогата на Доктор Ху.
Оваа година најмногу номинации, дури 12, доби филмот „Конклава“, во режија на Едвард Бергер, а веднаш зад него е мјузиклот „Емилија Перез“ на францускиот режисер Жак Одиар, кој доби 11 номинации. Историската драма „Бруталист“ е на трето место со 9 номинации.
На изненадување на филмските обожаватели на многу очекуваниот мјузикл „Злобница“, не е номиниран во категоријата за најдобар филм. Но, нејзините ѕвезди Синтија Ериво и Аријана Гранде добија номинации во актерските категории.
Исто така, Анџелина Џоли не е номинирана во категоријата за најдобра актерка за нејзината изведба во филмот „Марија“, ниту пак Даниел Крег е номиниран за најдобар актер во филмот „Квир“.
Шпанската актерка Карла Софија Гаскон, ѕвездата на филмот „Емилија Перез“, влезе во историјата како првата трансродова актерка номинирана за наградата БАФТА.
Подолу е листа на овогодинашните номинации по категории:
Најдобар филм
• Анора“
• „Бруталист“
• „Целосно непознато“
• „Конклава“
• „Емилија Перез“
Најдобар британски филм
• „Птица“
• „Блиц“
• „Конклава“
• „Гладијатор 2“
• „Тешки вистини“
• „Никеп“
• „Ли“
• „Љубовните лаги крварат“
• „Надминување“
• „Валас и Громит: Птичја одмаза“
Најдобар не-англиски филм
• „Сè што замислуваме како светлина“
• „Емилија Перез“
• „Сè уште сум тука“
• „Никеп“
• „Семето на светата смоква“
Најдобар документарен филм
• „Дневници на црната кутија“
• „Ќерки“
• „Нема друга земја“
• „Супер/Човек: Приказната за Кристофер Рив“
• „Вил и Харпер“
Најдобар режисер
• *Шон Бејкер – „Анора“
• Брејди Корбет – „Бруталист“
• Едвард Бергер – „Конклава“
• Денис Вилнев – „Дина: Втор дел“
• Жак Одиар – „Емилија Перез“
• Корали Фаржа – „Супстанцијата“
Најдобра главна женска улога
• Синтија Ериво – „Злобница“
• Карла Софија Гаскон – „Емилија Перез“
• Маријана Жан-Батист – „Тешки вистини“
• Мајки Медисон – „Анора“
• Деми Мур – „Супстанцијата“
• Сирша Ронан – „Надминување“
Најдобар главна машка улога
• Адриен Броди – „Бруталист“
• Тимоти Шаламе – „Целосно непознато“
• Колман Доминго – „Пеј пеј“
• Ралф Фајнс – „Конклава“
• Хју Грант – „Еретик“
• Себастијан Стен – „Приправникот“
Најдобра споредна женска улога
• Селена Гомез – „Емилија Перез“
• Аријана Гранде – „Злобница“
• Фелисити Џонс – „Бруталист“
• Џејми Ли Кертис – „Последната шоу-девојка“
• Изабела Роселини – „Конклава“
• Зои Салдана – „Емилија Перез“
Најдобра споредна машка улога
• Јура Борисов – „Анора“
• Киеран Калкин – „Вистинска болка“
• Кларенс Меклин – „Пеј пеј“
• Едвард Нортон – „Целосно непознато“
• Гај Пирс – „Бруталист“
• Џереми Стронг – „Приправникот“
Целата листа на номинации може да ја погледнете ТУКА.