[ФОТО] Леонардо Дикаприо на удар на критики по „бегството“ од Лос Анџелес со приватен авион: Го нарекуваат лицемер

Точка

15/01/2025

17:29

1.891

Големина на фонт

а а а

Леонардо Дикаприо се најде на удар на критики поради тоа што „избега“ во Мексико со приватен авион по разорните пожари во Лос Анџелес, откако претходно предупредуваше на штетното влијание на авионите врз климатските промени.

Оскаровецот беше критикуван на социјалните мрежи со коментари дека го искористил неговиот статус и славата напуштајќи го Лос Анџелес со приватен авион и покрај неговата репутација како „активист за климатски промени“.

Дикаприо и неговата девојка Виторија Серети минатиот петок беа забележани како пристигнуваат во Кабо Сан Лукас, Мексико, од Лос Анџелес, заедно со таткото на актерот Џорџ Дикаприо и неговата сопруга Пеги Ен Фарар.

Некои од колегите на Дикаприо, како Парис Хилтон, Мајлс Телер, Адам Броди и Лејтон Мистер, ги загубија своите домови, додека тој беше исмејуван на социјалните мрежи поради неговиот избор на превоз за спас од пожарот.


Дикаприо е обвинет дека е лицемер поради употребата на приватниот авион, кој инаку е главен извор на емисии на јаглерод кои придонесуваат за климатските промени.

Додека Дикаприо вложи повеќе од 80 милиони долари во средства за одржливост и климатски промени, корисниците на социјалните мрежи велат дека тој не е ништо друго освен измамник, а поради овој негов неодамнешен потег.