Новак Ѓоковиќ одигра само еден долг сет против Александер Зверев и реши да му го предаде мечот на својот ривал.
Српскиот тенисер имаше проблем со повреда уште на дуелот со Карлос Алкарас, но ситуацијата кулминираше утринава во полуфиналето, кое донесе тај-брејк во првиот сет.
Зверев беше поуспешен во тај-брејкот со 7:5 и дојде до посакувана предност од еден сет, а веднаш по завршувањето на сетот Ѓоковиќ му ја соопшти веста за повлекување на Германецот и му посака среќа во финалето.
– Направив се што можев за да ја менаџирам мускулната повреда која ја имам.
– На крајот на првиот сет чувствував се поголема и поголема болка и беше повеќе од она што можам да поднесам во моментот, – изјавил Ѓоковиќ.