Зошто спортистите масовно ги враќаат медалите што ги освоија на Олимпијадата во Париз?

Точка

24/01/2025

16:54

1.393

Големина на фонт

а а а

Минатогодишните Олимписки игри во Париз можеби беа успешни, но имаше проблем – дел од медалите се распаѓаа. Повеќе од 100 спортисти се пожалија до Меѓународниот олимписки комитет поради фактот што нивните медали не наликуваат на оние што ги добија минатото лето, со видливи знаци на дамки и истрошеност.

Во споредба со нивните колеги од Олимписките игри во Токио три години претходно, медалите во 2024 година изгледаат …многу постаро. Многу спортисти дури се шегуваат дека нивните медали од 2024 година изгледаат како реликвии од Олимпијадата во Париз во 1924 година – кога последен пат француската престолнина беше домаќин на Игрите.

Според француското истражувачко издание "La Lettre", се чини дека причината за деградираниот изглед на медалите е неквалитетен лак. Лаковите се заменети бидејќи стариот наводно содржел хром триоксид – моќен оксидатор кој е канцероген.

Повеќето од значително оштетените медали се чини дека се бронзени, а Меѓународниот олимписки комитет веќе се извини, велејќи дека „ќе најде замени“, пишува „Euronews“.

Неисправните медали ќе бидат систематски заменети и идентично гравирани“, велат тие. Процесот на замена ќе започне во наредните недели, додаде "МОК".


Медалите, дизајнирани од Шаумет – дел од групата "LVMH" – имаат парче железо земено од Ајфеловата кула поставено на задната страна, додека предниот дел на медалот ја прикажува Нике, грчката божица на победата. Таа не би била импресионирана, пишува "Euronews".

До неодамна, "LVMH" молчеше и дозволи "Monnaie de Paris", француската ковачница која ги произведе медалите, да преземе најголем дел од вината.

Сепак, дизајнерите на медали решија да проговорат за лошата состојба на медалите, велејќи дека тие не се одговорни за изработката на медалите и затоа не можат да бидат обвинети.

Париската ковачница издаде соопштение во кое ја отфрла употребата на терминот „неисправни“ од страна на МОК и ги опишува медалите како „оштетени“.


„La Monnaie de Paris многу сериозно го сфати прашањето за оштетените медали уште од првите барања за размена во август и ги мобилизираше своите внатрешни тимови“, велат од ковачницата. „La Monnaie de Paris" ќе ги замени сите оштетени медали на барање на спортистите во текот на првиот квартал од 2025 година“, уверуваат тие.

Правилно прочитавте – август. Прашањето не е ново. Некои спортисти, меѓу кои и француските пливачи Јохан Ндоје-Бруар и Клемент Секи, како и британската репрезентативка Јасмин Харпер, зборуваа за брзото оштетувње на медалите уште пред да заминат од Париз.

Што се однесува до Наталија Дием, австралиска велосипедистка која се натпреварува во слободен стил со "BMX" и освои бронзен медал минатото лето, абењето беше целосно видливо по помалку од една недела …

Додека критиките и шегите продолжуваат да се трупаат со месеци, МОК е под притисок да обезбеди замена на медалите во првиот квартал на 2025 година за да се избегне губење на идните спонзорски договори и да се спречи овој скандал негативно да влијае на јавната перцепција за Игрите во Париз.