[ВИДЕО] Зверев испадна голем фраер и ѝ одговори на безобразната публика: „Не го исвиркувајте Новак, мора да разберете …“

Точка

24/01/2025

11:22

4.789

Големина на фонт

а а а

Утринава сите нè погоди шокантното предавање на мечот на Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен, но повредата била посилна од него. Сетот траел осумдесет минути и Ноле не можел доволно добро да се движи, па Александер Зверев се пласирал во финалето.

Сите беа изненадени од одлуката, но поединци од публиката покажаа дека немаат срам и додека Србинот го напушташе теренот, тие го исвиркаа. Сакаа да гледаат подолг натпревар, но тоа не е ниту оправдување, ниту причина за ваквата грубост.

Ѓоковиќ им одговори со палецот во воздух, а во изјавата по мечот Зверев беше вистински џентлмен и застана покрај својот идол.

„Не смеете да исвиркувате играч кој е повреден. Многумина од вас платиле билети за да гледаат пет сета, но мора да разберете дека тој го даде целиот свој живот за ова. Овој турнир го освои со повреди, скинати мускули, повреда на тетивата. Мора да го почитувате и да му го покажете тоа на Новак.“

Потоа опишал и како изгледал натпреварот против повредениот Ѓоковиќ.

„Видов дека беше под нивото во првиот сет, имаше некои проблеми, колку подолго играте тоа станува така, не се движеше за време на тај-брејкот, имаше физички тешки поени, видов дека имаше проблем. Јас сум во финале на Грен слем турнир, од друга страна, да бидам 100 отсто искрен, нема човек на турнејата кого почитувам повеќе од него. Секогаш му праќам пораки кога имам проблем, можам да разговарам со него со часови, истото го направив и во Шангај минатата година. И јас сакав да играме што е можно подолго, ништо друго освен почит кон него.“

Вели дека против Новак нема план однапред

Не, против Новак да бидам искрен. Играв во 2021 година кога тој имаше стомачен проблем и ме доби. Мора да играте 100 проценти, јас одиграв еден од моите најдобри сетови на турнирот, тој го доби тајбрејкот и тоа ви кажува колку е добар. Можеби јас не сум толку добар, или пак Новак е премногу добар.“