Ѓоковиќ на работ на солзи: Тешки сцени за гледање, Новак скршен по повлекувањето поради повредата

Точка

24/01/2025

15:35

3.204

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ беше длабоко депресиран по повлекувањето од Австралија опен.

Српскиот тенисер го предаде мечот на Александар Зверев откако првиот сет заврши во тај-брејк по 80 минути игра.

Ѓоковиќ ги шокираше присутните кога пријде на Германецот и му рече дека не може да го продолжи натпреварот, по што го напушти теренот под свирежи од голем број фанови.


На прес-конференцијата беше јасно колку му е тешко, а тоа се гледа и на фотографиите од моментите на одржување на истата.

Откако го предаде мечот, Ѓоковиќ им се обрати на навивачите кои го исвиркуваа, објаснувајќи дека секогаш е полесно да се суди отколку да се разбере.


„Она што можам да го кажам е дека секогаш е полесно да се суди, да се критикува, отколку да се разбере. Тоа е мојата животна лекција. Што се однесува до збогувањето од теренот, не знам што да ви кажам. Луѓето кои ги платија билетите очекуваа тепачка, се обидувам да ја разберам таа страна на работите. Знам што има во моето тело и што чувствувам, колку сум дал на овој турнир 20 и повеќе години. Сега ќе застанам, за да не продолжам во погрешна насока“, изјави Ѓоковиќ.


Тој исто така изјави дека не е сигурен кога ќе се врати на теренот, посочувајќи дека не размислува за Дејвис купот и дека не е сигурен дали ќе биде опоравен за турнирот во Доха.

„Искинав мускул, може брзо да се опорави или не, ќе видиме.“


Тој верува дека може да стигне до својот 25. Грен слем во остатокот од кариерата и додаде: „Не знам што да кажам... Само нека ме послужи телото. Задоволен сум од игрите, како што одминуваше турнирот, играв се подобро и подобро. Таков е спортот, се врти тркалото на среќата, веројатно е нова реалност, да се прифатам дека телото повеќе ме изневерува отколку во претходниот дел од мојата кариера. Колку долго ќе трпам, ќе видам што ќе се случи во остатокот од сезоната. Можеше да биде подобро и можеше да биде полошо. Секако дека сум разочаран сега кога сум надвор од теренот, но има многу добри работи што можеме да ги истакнеме.“