Манчестер Јунајтед го положи испитот и ги освои трите бода на гостувањето во Лондон кај Фулам во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ по долго време успеаа да ја сочуваат својата мрежа, а голот на Лисандро Мартинез во 78 минута ја направи разликата и донесе осмо славје во шампионатот.
И на овој меч Маркус Рашфорд воопшто не се најде во конкуренција за настап, односно го немаше на списокот со што продолжи „војната“ со менаџерот Рубен Аморим ако се земе предвид дека од 12 декември нема одиграно ниту секунда за Јунајтед.
Португалецот воедно испрати и една брутална порака до напаѓачот кој пак со неколку зборови се огласи на Инстаграм.
- Честитки за победата, - напиша Рашфорд кој имаше додадено и емотикон како поздрав за овој резултат.