Ешлин за време на натпреварот останала во ВИП-ложата, заедно со родителите на Џуд, со кои одлично се согласува, а потоа парот следниот ден е виден на заеднички ручек во Мадрид.
Во последните неколку месеци, британските таблоиди "шушкаат" за љубовниот живот на Џуд Белингем, 21-годишниот играч од средниот ред на Реал Мадрид. Белингем е виден со американската инфлуенсерка и модел Ешлин Кастро, која има повеќе од 210.000 следбеници на Инстаграм. Потврда за нивната врска дојде откако Џуд и Ешлин првпат беа видени заедно на меч од Лигата на шампионите, каде Реал на домашен терен го совлада Ред Бул Салцбург со резултат 5:1.
Ешлин за време на натпреварот остана во ВИП-ложата, заедно со родителите на Џуд, со кои одлично се сложува, а потоа парот следниот ден е виден на заеднички ручек во Мадрид. Белингем во последните месеци беше поврзуван со холандската манекенка Лаура Селија Валк, додека инфлуенсерката од Лос Анџелес се поврзуваше со актерот Мајкл Б. Џордан, НБА кошаркарот ЛаМело Бол и Нејмар.
Ешлин е позната по снимањето упатства за шминкање, видеата на "TikTok", патувањето низ светот, а се издвојува и по своите модни комбинации. Иако е добро позната во медиумите, Ешлин го чува приватниот живот во тајност, но сепак на социјалните мрежи му оддаде почит на својот татко, кој почина во 2021 година од последиците на коронавирусот. Двојката се зближила преку социјалните мрежи, каде што комуницирале така што си ги лајкувале објавите. Британскиот магазин „Tatler “ претходно го прогласи Белингем за најпосакуван британски ерген.
Колку е сериозна нивната врска покажува фактот што Ешлин веќе ги запознала родителите на Џуд, а парот во моментов успешно го балансира јавниот и приватниот живот.