Ван Дајк ги загрижи навивачите на Ливерпул: Не знам уште колку натпревари ми остануваат…

Дерби

27/01/2025

11:42

1.172

Големина на фонт

а а а

Ливерпул немаше никакви проблеми во соочувањето со Ипсвич и оствари сигурен триумф од 4:1 со што направи нов чекор кон остварување на посакуваната цел, освојување на пехарот во Премиер лигата.

Ова соочување беше посебно за Вирџил Ван Дајк затоа што беше 300. меч во дресот на „црвените“ со што влезе во одбрано друштво на играчи со ваков учинок. Холанѓанецот е горд поради тоа, ама во исто време и ги загрижи фановите со изјавата дека не знае уште колку мечеви во остануваат во Ливерпул, а со оглед на тоа што договорот му забршува во јуни годинава тоа може многу да зборува иако некако впечатокот во јавноста беше дека тој е најблиску до останување на „Енфилд Роуд“ од трите ѕвезди кои се во иста ситуација (Мохамед Салах и Трент Александер Арнолд).

- Многу горд. Моето семејство и моите деца беа овде, така што беше посебен ден. Можеби ќе добијам чаша црвено вино вечерва само за да прославиме, јас и мојата сопруга. Но тоа е тоа. Фокусот е на следниот натпревар. Ќе има еден ден кога ќе размислам за се што ми се случи во Ливерпул. Тогаш ќе имам соодветно размислување за тоа што се истакнува.

- Се надеваме дека има уште добри работи што следат. Немам идеја (уште колку натпревари ќе одигра). Колку останаа оваа сезона? Се надевам дека тие се загарантирани и потоа не знам што ќе донесе иднината. Тоа (неговиот процент од 69,7 победи во Ливерпул) покажува дека сум бил доста добар до сега. Тоа зависи од сите вклучени – играчите, менаџерите, навивачите. Добра статистика е да се има. Ќе продолжиме. Добра победа, па сега се фокусираме на следната, - истакна стоперот кој од 2018 години ги брани боите на премиерлигашот.