Турски новинар го тужи Осимен за физички напад, фудбалерот му возвраќа: „Ќе го почувствува гневот на законот …“

Точка

27/01/2025

17:04

1.183

Големина на фонт

а а а

Новинарот на "Post", Толга Боздуман, го обвини Виктор Осимен дека го нападнал минатата недела по мечот во кој Галатасарај ремизираше 3:3 со Динамо Киев.

Имено, Боздуман истакна дека Осимен го нападнал пред ноќен клуб, додека со колегите правел фотографии.

- Штом се појавија блесоците, тој почна да вика и истрча кон мене. Се обиде да ја фати камерата, но јас ја држев, а потоа ме удри со тупаница во главата. „Десната страна од главата сè уште ме боли“, рече Буздман, пренесува "ESPN".

Новинарот рекол и дека Осимен му понудил пари за да ги избрише фотографиите, но тој одбил. После тоа, Нигериецот му се заканил и рекол дека ќе го уништи доколку се објават сликите.

Осимен ги негираше сите овие наводи, освен дека побарал од Боздуман да ги избрише фотографиите.

„Никогаш не го удрив тој тип, отидов кај него и му реков да ги избрише фотографиите. Тоа се мои фотографии, имам право да му кажам да ги избрише“, рече Осимен и додаде:

„Ова за мене не е новост. Знаев дека ќе лажат, лажат и лажат. Се работи за насилство, а тој излажа. Се разбира, нема да биде лесно. Ако сум го удрил, ќе ја добие правдата. Ако лажел, тогаш ќе го почувствува гневот на законот“, рече Осимен.