„УФЦ сака да гледа како некој умира“

Точка

29/01/2025

17:15

2.133

Големина на фонт

а а а

УФЦ борецот од Нов Зеланд Ден Хукер ја критикуваше политиката на неговата организација.

Ден Хукер има 35 години и се натпреварува во УФЦ од 2014 година, а пред тоа беше одличен кик-боксер.

Тој ќе се бори со Џастин Гејчи на "UFC 313" и тврди дека тоа ќе биде спектакуларна борба во Лас Вегас, која ќе се одржи на 8 март.


Гејчи има 13 бонуси за најдобрата борба на вечерта, а иако Хукер не е блиску во однос на бонуси, може да се пофали со одлични настапи против Дастин Поарје, па и Џејлен Тарнер.

Тој немаше многу дилема кога му понудија борба со Џастин Гејчи.


„Мислам дека УФЦ само сака да гледа како некој умира“, рече Хукер во емисијата "The Ariel Helwani Show".

„Мислам дека тие само сакаат да ја завршат работата. Оваа борба ја прават за фановите. Тие сакаат да видат како некој паѓа. Сакаат крв. Сакаат четврта и петта рунда. Јас сум среќен тоа да им го пружам. За пари. Да работам во кујна и да останам неколку часа повеќе, би очекувал и некој долар повеќе. Не сум тука за забава. Не сум тука бидејќи ве сакам. Ова е борба за награда“, изјави популарниот "Hangman".