Познат патот до големото финале: Реал и Барса се избегнаа во завршната ждрепка во Копа дел Реј

Дерби

12/02/2025

14:28

2.091

Големина на фонт

а а а

Полуфиналната фаза ќе биде единствената во која ќе се играат по два натпревари во Копа дел Реј, а по тој повод, денеска се одржа завршната ждрепка во шпанската Куќа на фудбалот.

Останатите четири екипи ветуваа крајно возбудливи натпревари во полуфиналето, но на крајот ждрепката посака најдобро да мине Реал Мадрид.

„Кралевите“ ги избегнаа и Барселона и Атлетико Мадрид во полуфиналната фаза, а за да биде уште подобро за нив, ќе бидат домаќините на реваншот против Реал Сосиедад кој ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал мина убедливо најдобро на попладневното извлекување, на кое стана јасно дека второто полуфинале е она меѓу Барселона и Атлетико Мадрид.

Каталонците први ќе го пречекаат тимот на Диего Симеоне, додека реваншот се игра на „Метрополитано“ во шпанската престолнина.

Првите натпревари ќе се одиграат на крајот на февруари, а реваншите на стартот на месец март.