[ФОТО/ВИДЕО] Ирина Шајк има достојна наследничка – Манекенката со специфична убавина засени многумина

Точка

10/04/2025

20:01

2.674

Големина на фонт

а а а

Австралиската манекенка Шанина Шаик неодамна присуствувала на доделувањето на наградите „The Fashion Trust“ во Лос Анџелес, а за таа прилика носела бела креација на брендот „Cult Gaia“.

Сатенскиот фустан кој го носела имал едноставен крој, со интересни цветни мотиви кои се протегале преку рамениците и грбот. Очигледно дизајнерите размислувале за секој детаљ при креирањето на овој фустан, и направиле тој да има „отворен грб“. Зошто?


Па, со оглед на тоа дека фустанот има едноставен крој и дезен, отворениот грб му дал доза на сексапилност и заводливост.


Шанина го комплетирала нејзиниот изглед со златни обетки и наједноставна фризура – ниска пунџа.


Што се однесува до шминката, нејзините шминкери се определиле за таканаречениот „природен изглед“ кој само ја нагласил нејзината природна убавина. Со тоа полните усни на Шанина дошле до полн израз.

Инаку, Шаик често ја поврзуваат со Русинката Ирина Шајк и поради презимето и поради нејзината специфична убавина.


Исто така Шанина работела за престижни брендови како Шанел, Вивиен Вествуд, Дизел, Стела Макартни, Том Форд, и ги красела насловните страници и едиторијалите на престижните модни списанија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk