[ФОТО/ВИДЕО] Најдобро облечениот тренер во светот – И жените му „симнуваат“ капа – Погледнете како изгледа

Точка

11/04/2025

18:46

2.887

Големина на фонт

а а а

Сегундо Кастиљо ја воодушевува светската јавност со своите модни избори на натпреварите, а ниту најголемите трендсетерките не успеале да му најдат мана на неговото последно издание на теренот.

Тренерот Сегундо Кастиљо (42) станал вирален на социјалната мрежа Х, а причината не е само неговата посветеност на тимот, туку и нешто сосема друго – стајлингот!


Актуелниот предводник на Барселона СЦ од Еквадор ја воодушевува светската фудбалска јавност со своите извонредни стајлинзи, а неговата последна креација станала апсолутен хит.


Станува збор за розов смокинг; сако, панталони и елек во комбинација со бела кошула и задолжителна машна.


Како шлаг на тортата се црните лакирани чевли, кои одлично се совпаднале со црните детали на смокингот, како и црните копчиња на кошулата.

Се чини дека во неговите модни изданија, секој детаљ секогаш е внимателно одбран и искомбиниран, па не зачудува тоа што ова издание во кое се појавил на последниот натпревар привлекло огромно внимание.

Инаку Кастиљо ја предводи Барселона од есента 2024 година и не пропушта прилика да покаже дека е најдобро облечениот тренер, но и вљубеник во модата и модните трендови, а повеќе од јасно е зошто станал вистинска интернет сензација.


Зошто се облекува така?

„Мора да знаеме дека стоиме пред Барселона и дека треба да го претставуваме клубот онака како што заслужува“, изјавил тој во една прилика.

Инаку тој е поранешен фудбалер на Црвена звезда, во чиј тим одиграл 72 натпревари и постигнал 18 голови.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk