Според листата на американски „Bloomberg“, технологијата е индустрија која завладеа со светот, а топ пет милијардерите своето богатство го зголемуваат токму по тој пат.
Според најновата листа на американската агенција „Bloomberg“, титулата најбогат човек на планетата моментално ја има Илон Маск, сопственик на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“ како и на социјалната мрежа „X“. Неговото богатство се проценува на 449 милијарди долари, односно околу 388 милијарди евра.

Втората позиција ја освоил Лари Пејџ со 242 милијарди долари (209 милијарди евра) којшто е коосновач на компанијата „Google“.
На третата позиција се наоѓа основачот на компанијата „Oracle“, Лари Елисон којшто располага со имот вреден 297 милијарди долари (256,7 милијарди евра).
Четвртото место го зазема основачот на „Amazon“, Џеф Безос, чие богатство се проценува на 265 милијарди долари, односно 229 милијарди евра.
Петтата позиција му припадна исто така на еден од коосновачите на „Google“, Сергеј Брин чие богатство се проценува на 226 милијарди долари (195,5 милијарди евра).
Основачот на „Meta“, Марк Цукерберг, на оваа листа се наоѓа на шестото место со 220 милијарди долари (190 милијарди евра), додека пак седмото место е резервирано за францускиот милијардер Бернар Арно, чиј имот се проценува на 191 милијарди долари (165 милијарди евра). Арно воедно е и единствениот неамерикански државјанин меѓу првите 15 најбогати луѓе на светот.

Бил Гејтс, коосновачот на „Microsoft“ се најде на изненадувачката 15-та позиција, а според процените поседува 117 милијарди долари.