Хрватскиот пејач Петар Грашо е еден од најпопуларните музичари во регионот, а во последните години ужива во мирен семеен живот со сопругата Хана Хуљиќ Грашо и нивните деца Алба и Тони.
Тој своевремено имал проблем со вишок килограми, но благодарение на поздрав начин на живот, успеал да ослабе дури 13 кг.
Како што објаснил за „In Magazin“, по долго време се чувствува одлично бидејќи „успеал да го врати своето тело во форма на здравје и виталност“ и сега се чувствува многу поисполнето и посилно.

Клучот за неговиот успех и губење на тежината е редовниот тренинг.
„Она што е можеби најконзистентно е што се вратив на нешто што навистина го сакам, а тоа е тренингот. Тоа е спорт, тоа се неколку тегови, неколку работи што ме прават среќен, 3-4-5 пати неделно, зависи од времето, но сега тоа е нешто што прераснува во мала зависност, а потоа почнуваш да се заљубуваш во концептот да се чувствуваш добро во своето тело“ рекол музичарот.
Покрај тренингот, Грашо направил значајни промени во својата исхрана.
Го исфрлил лебот и тестенините и со редовниот тренинг бил сведок на огромна промена.

„Основната приказна е дека трошиш повеќе отколку што внесуваш. Имав калкулатор за калории. Звучи заморно, но воопшто не е. Намалив некои работи. Влегов во ритамот на јадење што сега е мој начин на живот. Некои работи се забранети. Во одреден момент од животот мора да се збогуваш со некои работи. Не засекогаш. Кога си млад, пица може секој ден, сега еднаш месечно. Затоа има месо, зеленчук и црвено вино од кои никогаш нема да се откажам. Тоа е четвртото нешто без кое не би можел да живеам“ раскажал Грашо за регионалните медиуми ова лето.