Хедонизмот го продолжува животот: Уживањето во шампањ може да го намали ризикот од ненадеен срцев застој

Точка

29/04/2025

14:00

590

Големина на фонт

а а а

Консумирањето шампањ и големи количини овошје, заедно со одржувањето на телесната тежина и оптимизмот, можат да го намалат ризикот од ненадеен срцев застој, покажа првата студија од ваков вид.

Според истражувањето, во кое учествувале повеќе од 500.000 луѓе, фактори како што се консумирањето шампањ и бело вино, зголемениот внес на овошје, одржувањето на телесната тежина, контролата на крвниот притисок и одржувањето на позитивно расположение можат да имаат позитивен ефект, пишува „Гардијан“.


Истражувачите откриле дека со елиминирање на најопасните фактори на ризик, како што се лошите животни навики, можат да се спречат помеѓу 40 и 63 проценти од случаите на ненадеен срцев застој.

Студијата била спроведена со користење на податоци од „UK Biobank“, а резултатите биле објавени во „Canadian Journal of Cardiology“.


Истражувачите анализирале 56 фактори на ризик, вклучувајќи го начинот на живот, социоекономскиот статус и локалната средина.

Студијата покажала дека значителната промена во начинот на живот може значително да го намали бројот на случаи на ненадеен срцев застој.


Еден од истражувачите, Ренџие Чен од Универзитетот Фудан во Шангај, рекол дека е изненаден од високиот процент на случаи што можеле да бидат спречени со подобрување на квалитетот на животот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk