Нивната врска сè уште е мистерија, иако парот наводно е заедно од 2023 година. Сепак, пред легендарниот НФЛ тренер Бил Беличик (73) да открие нешто повеќе за почетокот на врската, неговата партнерка Џордон Хадсон (24) решително го прекина разговорот.
За време на интервју за „CBS Sunday Morning“, новинарот Тони Докупил постави прашање за нивната врска, на што Хадсон, која интервјуто го следеше од зад камерите, кратко и јасно реагираше:
„Нема да зборуваме за тоа“, рече таа со цврст тон.
Докупил објасни во својот гласовен коментар дека двојката не сака многу да зборува за приватниот живот, и дека Хадсон постојано била присутна за време на снимањето.
Кога водителот го праша Беличик како се справува со јавниот интерес околу неговата врска со многу помладата Хадсон, која е цели 49 години помлада од него, тој мирно одговори:
„Никогаш не сум се грижел премногу што мислат другите. Само се обидувам да го правам она што мислам дека е најдобро за мене.“
Одговори и на прашање за објавите на Хадсон на "Instagram", каде што се гледа на фотографии како го држи Беличик поткренат на плажа.
„Да, присутен сум на некои од тие платформи, но искрено, не ги следам“, изјави тој.
Иако не сподели детали за тоа како се запознале, познато е дека наводно се сретнале во авион во 2021 година, пред да започнат врска.
"TMZ" објави фотографија во јуни 2024 година на која Беличик ѝ потпишува учебник на Хадсон од Универзитетот "Bridgewater State" со порака:
„Џордон, благодарам што ми одржа час по логика! Среќен пат!“
Извор тогаш откри дека летале од Бостон кон Флорида кога се запознале и размениле контакти.
Веста за нивната врска првпат стана јавна минатата година, откако Беличик ја прекина десетгодишната врска со Линда Холидеј. Поранешниот пар често се разделувал и смирувал, а официјално ставиле крај во септември 2023.
Хадсон и Беличик првпат беа видени заедно во јануари 2023 во Њу Орлеанс, но романсата стана очигледна дури во септември, кога беа фотографирани држејќи се за раце.
Во декември 2024, извор за "Page Six" изјави дека Беличик не се грижи за разликата во години.
„Џордон е стара душа, така што таа и Бил се поврзуваат на подлабоко ниво“, изјави изворот.