„Кинескиот“ "Mercedes CLA" е подолг од "C-класата"

Супермен

29/04/2025

13:12

1.311

Големина на фонт

а а а

Станува збор за модел со продолжено меѓуосовинско растојание, дизајниран специјално за кинескиот пазар.

"Mercedes" го искористи саемот во Шангај за да го претстави новиот "CLA L". Како што сугерира и името, станува збор за верзија со продолжено меѓуосовинско растојание, развиена специјално за Кина.

Автомобилот го следи дизајнот на стандардниот "CLA", но има должина од 4.763 mm и меѓуосовинско растојание од 2.865 mm. Двете димензии се зголемени за 40 mm во споредба со обичниот модел, што го прави "CLA L" подолг дури и од "C-класата", со идентично меѓуосовинско растојание.

Со оглед на тоа што комфорот на патниците бил приоритет, "CLA L" има специјално дизајнирани задни седишта со продолжен дел за седење за 10 mm, што обезбедува подобра потпора за нозете.


Купувачите ќе забележат и помеки странични потпори на задните седишта, кои нудат подобар баланс помеѓу удобноста и поддршката.

"Mercedes" не откри многу дополнителни детали, но според достапните информации, автомобилот располага со 10,25-инчна дигитална инструмент-табла, 14-инчен инфотејнмент екран и уште еден 14-инчен екран пред совозачот.

Сите системи функционираат со специјална верзија на оперативниот систем "MB. OS".


„Најефикасниот автомобил во својот сегмент“

Кога станува збор за погонскиот систем, "Mercedes" сподели само ограничени информации. Електричниот "CLA L" има еден мотор поставен на задната оска, со максимална моќност од 272 коњски сили (200 kW).

Автомобилот работи на 800-волтен електричен систем, а според оптимистичкиот кинески "CLTC" стандард, има автономија до 866 километри.

Кога батеријата ќе се испразни, "DC" полнач од 320 kW може да обезбеди до 370 километри домет за само десет минути.


"Mercedes" дополнително изјави дека "CLA L" е „најефикасниот автомобил во својот сегмент со 93% искористување на енергијата од батерија до тркала“.

Исто така, беше наведено дека прототипот успеал да извозува дури 1.071 километар со едно полнење, со просечна потрошувачка од само 8,26 kWh на 100 километри при константна брзина (иако не беше наведена конкретната брзина).



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk