Бела Хадид ги маѓепса и фотографиите и минувачите со целосно проѕирната маица, а беше видливо расположена додека самоуверено позираше во Њујорк.
Познатата манекенка Бела (28) и помлада сестра на Џиџи Хадид, која неодамна го прослави својот 30-ти роденден во друштво на момчето Бредли Купер, се прошета низ Њујорк во „жешко“ издание и уште еднаш покажа зошто многумина ја нарекуваат една од најубавите жени во светот.
За опуштена прошетка низ Њујорк, таа носела искинати фармерки (на кои модните експерти оваа сезона им го предвидуваат крајот), тесна и целосно проѕирна кафеава маица без прерамки, кафеави чевли со високи потпетици и кожна бомбер јакна.
Бела била видно расположена додека фотографите се обидувале да го забележат „незгодниот“ момент, а модните детали вклучувале кафеави очила за сонце и кафеав кожен ремен.
Иако се смета за една од најубавите жени, Хадид често е мета на критики поради нејзината „премногу слаба фигура“, како што неодамна беше случајот во Париз, кога загрижените обожаватели коментирале дека изгледа „како коски и кожа“.