Тениската ѕвезда отвори „Onlyfans“ профил: „Мило ми е што не сум единствениот“

Точка

08/05/2025

15:19

770

Големина на фонт

а а а

Платформата ОнлиФанс неодамна доживеа огромен пораст на популарност, поради што сè повеќе спортисти и јавни личности ја користат за да им дадат на фановите ексклузивен увид во нивните приватни животи.

Австралиецот Ник Кирјос беше првиот тенисер што отвори сметка на ОнлиФанс кон крајот на 2023 година, додека беше надвор од играта поради повреда. Неговиот пример сега го следи францускиот тенисер Александар Милер, кој моментално е на 39-то место во светот.

Милер неодамна го привлече вниманието на јавноста поради носењето опрема со логото ОнлиФанс за време на натпреварите, а во описот на својот профил на таа мрежа пишува дека е „најсексипилниот професионален тенисер“.


Тој објавува ексклузивни снимки од својот живот на АТП турнејата, од теретана, тренинг, ресторани до плажа и нагласува дека содржината што ја споделува му помага да ја финансира својата кариера.

„Оваа година, многу тенисери ќе се приклучат на ОнлиФанс. Мило ми е што не сум единствениот и Кирјос е таму. Можете да објавувате што сакате. За мене, станува збор за тенис, теретана, море, исхрана“, рекол Милер во интервју за „Клеј“.

Тој призна дека на почетокот бил скептичен поради репутацијата што ОнлиФанс ја има во јавноста:

„Искрено и јас мислев дека е еротска платформа. Но, ОнлиФанс се обидува да го промени својот имиџ, затоа ме ангажираа. Тие бараат спортисти од тенис, бокс, било кој спорт“.


Инаку, Французинот е познат по тоа што страда од Кронова болест, која го мачи и кога станува збор за играње тенис.

„Морам да си давам инјекција на секои две недели, до крајот на животот. Значи, не е толку лесно, но се обидувам да се справам. Понекогаш се чувствувам доста лошо“, изјавил Милер еднаш за веб-страницата на АТП.