Ханси Флик ги прослави трите освоени титули во домашните натпреварувањата пред преполниот „Монжуик“ во Барселона, стадион на кој вчера имаше славеничко расположение и покрај поразот од Вилјареал.
За првпат од месец декември минатата година, Барса загуби на натпревар во шпанската Ла Лига, а тоа се случи еден меч откако каталонскиот гигант и официјално ја завери титулата.
Очекувано, избраниците на Ханси Флик немаа премногу голем мотив за игра против „жолтата подморница“, па поразот во секој случај останува безболен, особено ако се знае деак каталонците беа без пораз цели пет месеци во домашното првенство.

Последниот неуспех пред Вилјареал беше оној од Атлетико Мадрид на „Монжуик“ на 21-ви декември минатата година, натпревар кој Флик сега го посочи како пресвртница на сезоната за неговиот тим.
– На секој тренер гледам како овие играчи сакаат да се подобруваат и за мене најважен натпревар на сезоната беше оној со Атлетико. Загубивме на болен начин во финишот, но одигравме многу добро цел натпревар и тоа ни беше добар патоказ после лошата серија во ноември.
– Тој пораз ни помогна да напредуваме и да веруваме во тоа што го работиме. Де Јонг се врати, Гави се врати и се подобривме во наредните неколку месеци. Сега сме тука и ја завршуваме сезоната со три титули, – изјави Флик.