Кин има фаворит за трофејот во Лига Европа: Тоа може да биде пресудно…

Дерби

19/05/2025

12:41

286

Големина на фонт

а а а

Првиот европски трофеј за оваа сезона ќе биде доделен во среда, а за него ќе се борат премиерлигашите Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Финалето на Лига Европа се игра на „Сан Мамес“ во Билбао во вечерниот термин од 21 часот, натпревар кој е специјален, специфичен за двете екипи затоа што тој што ќе победи не освојува само трофеј, туку обезбедува и пласман во Лигата на шампионите, а пак тој што ќе загуби ќе биде дополнително потопен по така катастрофалната сезона во Премиер лигата.

Рој Кин е легенда на Манчестер Јунајтед, ама како дете навивач за Тотехнем, па од свој агол се обиде да објасни кој е поблиску до посакуваниот резултат.

- И понатаму морате да му дадете предност на Јунајтед, некој како Бруно може да произведе, историјата на Манчестер Јунајтед сè уште има малку тежина. Нема многу разлика меѓу нив [во лигата], но кога ќе дојде клучна ситуација, финале, историјата на Јунајтед во финалињата, освојувањето на купови во последните неколку години, би помислите дека имаат малку повеќе знаење за играта од Спарс. Тоа би можеле да биде пресудно, а мислам дека Бруно може да ја создаде таа магија, - порача Рој.

Инаку „петлите“ ги добија сите три соочувања со „црвените ѓаволи“ во текот на сезонава.