[ФОТО] Прекрасната Чарна ужива на изборот за Мис на светот 2025 – Со насмевката и природната убавина, нашата претставничка ги маѓепсува сите

Точка

19/05/2025

21:33

1.267

Големина на фонт

а а а

Чарна Невзати, нашата претставничка на изборот за Мис на светот 2025, речиси две недели е во Индија, каде го исчекува финалето кое ќе се случи на крајот од мај.

Откако беше пречекана со традиционални индиски обичаи и откако се запозна со останатите учеснички на изборот, Чарна навистина ужива во секој момент и во секоја активност предвидена за девојките кои се дел од изборот.



Како таа го поминува нејзиното време во Индија можеме да видиме на нејзиниот Инстаграм профил, односно различните фотографии кои секојдневно ги споделува – од организирана посета на локалното население, прошетки низ Индија, бројни забави и свечени вечери, преку спортски активности и посета на локалната полиција која се грижи за безбедноста на девојките.

Покрај тоа Невзати откри и дека имала чест да се запознае со Џулија Морли, поранешен модел, а денес претседателка на организацијата „Miss World“, која стои зад најголемите светски избори за Мис.


„Една и единствена Џулија Морли“, напиша Чарна, која блеска каде и да се појави.