Ема Стоун повторно блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, каде што привлече внимание во впечатлив бел фустан од брендот „Луј Витон“ на премиерата на филмот „Едингтон“.
Фустанот бил изработен по нарачка, со драматична и заоблена јака и асиметричен изрез, што е отстапување од класичните кроеви и совршено прилагодување на новите правила на фестивалот кои забрануваат разголеност и премногу волуменозни тоалети.
Ема Стоун имаше помош од нејзиниот колега Педро Паскал, кој во еден момент ѝ го поправаше фустанот.
Но, освен модното издание на Стоун, вечерта беше обележана и со неочекуван инцидент – напад од пчела на црвениот тепих. Додека Ема позираше со колегите Педро Паскал и Остин Батлер, пчела постојано кружеше околу нејзиното лице.
Во еден момент, Стоун инстинктивно се наведна и се обиде да го избегне непоканетиот гостин, а Педро Паскал и Батлер веднаш ѝ притрчаа на помош.
Целата ситуација предизвика смеа и меѓу присутните и на социјалните мрежи, при што многумина го нарекоа Педро „сладок како мед“, сугерирајќи дека можеби тој е причината зошто пчелите ја следат оваа актерска екипа.
И покрај малиот хаос, Ема Стоун брзо ја поврати присебноста и продолжи да позира.