Педро Паскал ја убедувал Дакота Џонсон да отвори профил на „Онлифенс“: „Само да мрднеш со прстот на ногата ќе заработиш пари“

Точка

19/05/2025

14:43

2.975

Големина на фонт

а а а

Актерката Дакота Џонсон, ќерка на славниот пар Мелани Грифит и Дон Џонсон, планира да отвори профил на платформата за возрасни „Онлифенс“.

Таа заработи богатство од филмови, вклучувајќи ја и франшизата „Педесет нијанси сиво“, но сега актерката Дакота Џонсон е заинтересирана да отвори свој профил на платформата „Онлифенс“.

Дакота рекла дека ја заинтригирало тврдењето на нејзиниот колега од „Материјалисти“, Педро Паскал, дека ако отвори профил, може „само да мрдне со прстот на ногата и да заработи пари“.

На прашањето што да правите доколку го фатите вашето момче како гледа модели на „Онлифенс“, актерката одговорила: „Онлифенс е место каде што луѓето одат да гледаат како некои прават чудни работи. Дали моделите на Онлифенс се згодни? Да.“

Таа додала: „Педро Паскал ми рече дека треба да имам ‘Онлифенс’ и дека можам само да мрднам со прстот на ногата и да заработувам пари. Дали треба да го направам тоа?“

Актерката изгледала заинтригирана од идејата и признала: „Признавам, би ги гледала моделите на Онлифенс на Инстаграм ако знаев како да го направам тоа. Звучи интересно.“

Кога и дали Дакота ќе се појави на Онлифенс, не е познато, но неоспорен е фактот дека оваа платформа стана „златен рудник“ за некои познати личности како Дениз Ричардс, Карди Би, Лили Ален и многу други, кои не кријат дека заработуваат пари на „Онлифенс“.